Жителите на Стојаково од Општина Богданци ќе покренат иницијатива штрковите да им станат заштитен знак и бренд бидејки последниве години значително се зголеми бројот на овие птици преселници. Во селото речиси и да нема електричен столб каде нема гнездо и мали штркови кои почнаа да прават гнезда и по покриви на објекти, објави drnka.mk.

Ако во 2018 та во Стојаково биле регистрирани 37 гнезда со 74 возрасни и 134 млади штркови ова година како што вели Роберт Иванџиков се евидентирани 45 гнезда, 90 возрасни и 153 млади штркови кои овие денови ги прават првите летови. Иванџиков вели дека овие птици бараат чиста и еколошка средина со многу ливади а токму атарот на ова село изобилува со чиста и богата со храна средина.
Текстот во целост на: drnka.mk.