(ФОТО) Водно претворено во индустриска зона: За бизнисмените-политичари се е на распродожба во име на профитот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
67371427_2382613935139578_3884645387763449856_n

Од граѓанските иницијативи „Го сакам Водно“ и „Во одбрана на Дебар Маало“ и натаму реагираат на сечата која му се случува на Водно поради изградба на гасоводот. Градежните работи и натаму течат, а активистите велат дека Водно е претворено во индустриска зона.

— реклама —

„Од заштитена шума, Водно претворено во индустриска зона. Шумата која се садеше со работни акции на младинци и работници во едно похумано социјалистичко општество, не ја одбранивме. За бизнисмените-политичари се е на распродажба во име на профитот на малкумината“, велат од иницијативата „Во одбрана на Дебар Маало“.

— реклама —

Од другата иницијатива велат дека не успеале во целост да ја спречат сечата на Водно.

— реклама —

„Не терен си тече се.. Нешто бај д бук, нешто не. Како и да е, ние сме тука. Пратиме и што се сече и колку се сече. И мериме колку се уништува (метрото е задолжително со нас). Со грутка во грло, бидејќи Водно изгледа многу тажно.. Спустот на Шишево е сеуште горечки проблем, како што многу пати беше нагласено и бевме игнорирани.  Мина година дена. Што можевме спасивме од сечење, тоа што се исече боли, но заврши. И ќе престанат и овие бушења, минирања, копања, заварувања“, пишуваат од иницијативата „Го сакам Водно“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања