ФОТО: Возило на велешка Брза помош кое носело повредено дете, удрило во дива свиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
45796456_363392094431009_2275123474672386048_n

Директорот на велешката болница Димитар Стровјаноски на својот фејсбук профил информираше дека екипата на Велешката болница носејќи дете со изгореници на клиника имала сообраќајна несреќа. Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

— реклама —

“Вечерва екипата на Велешката болница носејќи дете со изгореници на клиника имаше сообраќајна незгода, удирајќи дива свиња на автопат… По дваесетина минути пристигнав на местото, каде што возилото не беше во возна состојба.

— реклама —

За среќа без жртви, но со лесни повреди кај сестрата која беше во придружба на пациентот, па заедно беа пренесени во Ургентниот центар. По увидот од страна на полициските службеници, возилото веќе се транспортира со шлеп-служба на сервис во Скопје.

— реклама —

Благодарност до Брзата помош од Скопје која ги превзема нашиот пациент и нашата повредена медицинска сестра”, напиша Стровјаноски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања