„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ФОТО) За една ноќ во Скопје запалени 8 контењери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје

Во текот на изминатата ноќ непознати сторители запалиле осум контејнери за одлагање смет што беа поставени во населбите Ѓорче Петров и во Ново Лисиче, со што е предизвикана голема материјална штета, а од огнот се оштетени и две возила кои биле паркирани во близина на опожарените садови за отпад.

— реклама —

Според информациите од ЈП „Комунална хигиена“, два новопоставени контејнера со зафатнина од 3,2 кубни метри биле опожарени во текот на изминатата ноќ на главната улица во населбата Ѓорче Петров. Во истиот период се запалени и шест пластични контејнери од 1,1 кубен метар во населбата Ново Лисиче.

Ваков инцидент се случи и изминатиот викенд, кога во скопската населба Радишани изгореа три контејнери од 1,1 кубен метар и еден специјален контејнер-ѕвоно, наменет за селекција на стакло. Претходно, еден нов контејнер беше опожарен и на улицата Франклин Рузвелт.

— реклама —

Сите случаи на опожарување на садовите за одлагање отпад се пријавени до надлежните органи и ќе бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите. Опожарените контејнери на улицата Ѓорче Петров се веќе заменети со нови.

Грaдот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ апелираат до граѓаните да ги чуваат и да не ги оштетуваат контејнерите поставени на јавните површини за да се овозможи ефикасно одлагање на комуналниот отпад и да се одржува јавната хигиена. Садовите за отпад се набавуваат со пари од граѓаните, а со нивното оштетување се нанесува голема финансиска штета. Поради тоа, ги охрабруваме граѓаните да го пријават секој случај на вандализам врз контејнерите и врз другата урбана опрема за да се одржи комуналниот ред во градот, а јавните површини да бидат уредени и чисти.

 

 

 

Со почит,

 

Град Скопје

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања