Младо момче направил вистински хаос во центарот на Загреб. Тој среде трамвајските шини, се соблекол гол и стоел пред трамвајот.
Настанот се случил во петокот, на 18 јануари, но снимката е објавена дури денеска.
Во шест часот утрото, како што вели возачот на снимката, едно разголено момче застанало пред трамвајот, ги спуштил панталоните и го извадил половиот орган.
„Седев и трамвајот нагло закочи, помислив дека нешто се расипало, но тогаш возачот рече дека ќе мора да се стрпиме додека да дојде полицијата зошто некој застанал пред трамвајот. Морав тоа да го видам со свои очи, па излегов надвор и видов момче со спуштени панталони како стои пред трамвајот. Му дофрлив дека навистина сакам да одам на работа, и му реков барем да помине на другата страна од улицата, но се сврте, се насмеа и рече: Вие би сакале на работа?“ и продолжи така да стои и да гестикулира кон возачот“, раскажа за порталот Индекс загрепчанката Бригита Ковачев, сведок на настанот. Таа смета дека момчето било под влијание на опијати.
Ситуацијата се расчистила откако дошла полицијата.