Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(ФОТО) Запленети близу 30.000 пиротехнички средства во Гостивар, Штип и Битола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
2-6

Денеска околу 12 часот и 30 минути, на улиците „Борче Јовановски“ и „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Б.А.(48) од Гостивар, затоа што во возило „опел мерива“ му биле пронајдени и одземени 4800 пиротехнички средства и 35-годишниот гостиварец С.К., од кого биле одземени 1835 пиротехнички средства.

— реклама —

Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

— реклама —

Исто така, денеска, (29.12.2020) полициски службеници од Одделението за крим полиција - отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола заедно со полициски службеници од Полицискаа станица од општа надлежност Битола од Н.Ш(57)од Битола одзедоа 6939 парчиња пиротехнички средства, а Н.Ш. е лишен од слобода.

— реклама —

— реклама —

Денеска 29.01.2020 полициски службеници од СВР Штип, по добиени оперативни созаннија, при преглед на возило управувано од А.Ф.(52) од Штип, пронајдоа и одзедоа 2900 парчиња пиротехнички средства. Дополнително се преземени мерки и во врска со случајот се пронајдени и одземени 12.544 парчиња пиротехнички средства. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања