Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

(Фото) Запленето сребро на граничниот премин „Богородица“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2024-02-10-at-09.24.40

На влез на ГП Богородица царински службеници запленија 1,3 килограми сребрен накит, откако патник кој патувал од Турција се обидел истиот да го внесе во државата без да го пријави кај царинските органи. Сребрениот накит е откриен при преглед на патничко возило со кое лицето патувало како совозач. Станува збор за 157 парчиња прстени, 21 парчиња нараквици, 45 ланчиња, 26 обетки и 20 привезоци кои лицето ги скрило во ќеса која ја ставил зад задното седиште и во еден куфер ставен во багажниот простор.

За сребрениот накит за којшто изјавил дека го набавил од Турција лицето не поседувал никаква документација. Против него се поднесени соодветни пријави заради прекршување на царинските регулативи.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања