Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

(ФОТО) Започна „Охридско лето“ - посетителите и организацијата ги почитуваат сите протоколи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ohridsko-leto-12

Започна Фестивалот „Охридско лето“. Најголемата манифестација која се реализира под капата на Министерството за култура,  а под покровителство на Претседателот на Р. Северна Македонија, годинава слави 60 години од своето постоење.  Фестивалот и покрај тоа што годинава што ќе реализира значително помалку настани, поради намалените фестивалски денови, сепак и во ова јубилејно издание наговестува квалитетна, уникатна, атрактивна и возбудливата програма.

— реклама —

Фестивалската сцена повторно ќе биде домаќин на најголемите, најславните и најуспешните, велат од фестивалот.

— реклама —

Вечерава на самото фестивалско отворање за присутните е задолжително носењето на лична заштита на лицето и сите членови на тимовите задолжени за организација. Покрај тоа годинава има и задолжително одржување на физичко растојание од два метри на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, задолжителна дезинфекција на раце на влез на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација.

— реклама —

На посетителите уште при самиот влез на Античкиот театар им се мереше температура, а поради вонредните мерки, интерваалот за влез  беше значително зголемен, со цел да не создаваат гужви.

Јубилејното фестивалско издание започна во знакот на основоположникот на Охридско лето, оперската примадона Ана Липша Тофовиќ со концертот на арии насловен како ,,Вокални бисери – по стапките на Ана Липша,, во изведба на светски познатите солисти, Марија Јелиќ – сопран, Дарио Ди Виетри – тенор, Иван Томашев – бас и Аманда Стојовиќ – мецосопран во пијано придружба на Миливое Велиќ.

На отворените сцени, Антички театар, Долни Сарај, Предворје Св Софија, како и Црквата Св Софија од 4-ти до 30 август ќе настапат околу 300 уметници од 19 земји, Србија, Италија, Хрватска, Велика Британија, Турција, Франција, Русија, Грција, Германија, САД, Босна и Херцеговина, Полска Словенија Косово Чешка Албанија и голем број уметници од Република Северна Македонија.

На фестивалската сцена ќе настапат врвни имиња како пијанистите Наталија Трул од Русија, Кемал Гекиќ- САД, Фукио саксофон квартет од Шпанија, Дуо Улуџан од Турција, косовскиот гитарист Петрит Чеку, Масимо Мерчели флејта-Италија, мецо сопранот Викена Каменица и Мерита Реџа Тершана од Албанија, Келнскиот гудачки секстет од Германија, Ариан Баке обоа Франција, Дуо Солипс, несекојдневен настан е концертот за четири клавири и оркестар кој ни доаѓа од Чешка, од македонската сцена Марија Ѓошевска, хорскиот ансамбл Про Арс со маестро Сашо Татарчевски, Гордана Јосифова Неделковска, потоа Скопје танцов театар со Рисима Рисимикин, гала оперска вечер под раководство на диригентката Бисера Чадловска како и женскиот балетски ансамбл и оркестар од НОБ, вечер на Музичка Младина со камерниот оркестар „Саша Николовски Ѓумар„ вечер со музиката на македонскиот композитор Томе Манчев (каде ќе настапат Весна Анѓеловска, Маја Шутевска, Љубиша Кировски, Марјан Милошевски, Горан Начевски, Елена Атанасовска, Антоние Весковски) и уште многу ексклузивни уметнички имиња.

Драмската програма започнува еден ден по свеченото отворање, а ќе понуди театарски креации од домашните театарски куќи. На програмата се претставите „Сестрите прозорови“ по мотиви на „Три сестри“ од Чехов коавторски проект на Сашо Димоски и Васил Зафирчев во изведба на Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ Велес, Драмски театар ја носи претставата „Чудесна терапија“ по текст на Даниел Глатауер во режија на Димче Николовски, „Човек, ѕвер и доблест“ од Луиџи Пирандело, во режија на Егон Савин Театар Комедија, премиерата „Полковникот Птица“ од Христо Бојчев, во режија на Андреј Цветановски во изведба на НУ Гостиварски театар, претставата за деца на Театар за деца и младинци „Јованче и Марика“ од браќата Грим, во режија на Давор Драгојевиќ. Фестивалот свечено ќе биде затворен со претставата „Бог на масакрот“ од Јасмина Реза во режија на Билге Емин на НУ Турски Театар, Скопје кој годинава слави 70 годишен јубилеј.

Реализацијата на фестивалските вечери ќе биде строго по утврдените протоколи и мерки дадени од Комисијата за заразни болести и насоките на Министерството за култура. Тоа значи едно поинакво издание во организациска смисла на зборот но по квалитетот на изведувачите на ниво на богатата фестивалска историја со која Охридско лето гордо се претставува во светот.

Фестивалот Охридско лето, кој годинава одбележува јубилеј 60 години успешна приказна, е Манифестација која ја има поддршката од страна на Владата на Р Северна Македонија преку Ресорното министерство за култура, Претседателот на државата кој воедно е и Покровител на Фестивалот а исто така е помогнат и од Општина Охрид и стопанството преку одделни фирми и претпријатија кои финансиски го помагаат фестивалот.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања