„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ФОТО) Засадено дрво на мирот во дворот на царинската управа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
drvo-mir-1

Директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски,генералниот секретар на Светската царинска организација Кунио Микурија и министерката за финансии Нина Ангеловска, во дворот на Царинската управа денеска засадија Дрво на мирот. Одбележувајќи ја 14. Конференција за партнерство во царинското истражување и развој - ПИКАРД, што годинава се одржува во Скопје, ова дрво ја симболизира посветеноста кон заедништвото во рамките на големото царинско семејство како и заложбата за натамошно развивање на досегашната плодна соработка.

— реклама —

Тема на тридневната конференција е „Паметни граници за непречена трговија, патување и транспорт“ а бројните еминентни говорници дискутираат за важноста на брзото движење на луѓе, стоки и превозни средства преку границите, координацијата и соработката меѓу царинските служби, прекуграничната е-трговија, а посебно внимание е посветено на примената на новите технологии во царинското работење. На конференцијата од различни перспективи се презентираат промените во царинското опкружување како резултат на дигитализацијата, новите можности за зголемена контрола на ризик, намалувањето на трошоците и поедноставувањето на царинските постапки.

— реклама —

Изборот за домаќин на конференцијата е потврда и признание за напредокот што го постигнаа Царината и Владата на Република Северна Македонија во модернизацијата на Царинската управа и прифаќањето и спроведувањето на инструментите и конвенциите на СЦО за реформите и учествата во глобалните снабдувачки синџири и олеснување на трговијата.

Државата е членка на Светската царинска организација  од 1 јули 1994 година и активно учествува во нејзината работа. Основна цел на оваа организација  е постигнување на највисоко ниво на хармонизација и еднообразност на царинските системи, проучување на проблемите на кои се наидува во развојот и подобрувањето на царинските техники и царинското законодавство.Таа е независно меѓувладино тело каде членуваат 183 царински управи од целиот свет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања