„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

(ФОТО) Застој на планинскиот премин Плетвар поради незгода на тешки товарни возила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
50929457_2202406166692342_8069088606708301824_n

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните служби на ЈП Македонија пат.

— реклама —

Патниот правец Велес-Скопје, поточно од наплатна рампа Отовица кон Скопје е пуштен за сообраќај, по една коловозна лента само за ПМВ.

Поради незгода на тешки товарни возила кај планинскиот премин Плетвар, сообраќајот е во застој.

— реклама —

ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА:

Од 18:40 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато.

Од 19.00 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Велес - Катланово.

Од 18:30 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.

Од 18.30 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Дебар - Струга.

Од 07:35 часот е воведена забрана на движење за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

Забрани за тешки товарни возила има на патот Дебар - Маврови Анови и обратно и на планинскиот премин Стража.

УКИНАТИ ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА:

Од 15:30 часот на патот Македонски Брод - Прилеп укината е забраната за движење на тешки моторни возила преку планинскиот премин Барбарос.

Од 17:00 часот на патниот правец К.Паланка-ГП Деве Баир е укината забраната за движење на тешки моторни возила.

На патниот правец Струга - г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања