Голем застој има на превојот Плетвар. Според првичните информации, истекнува метан од цистерна. Станува збор за гас, односно гориво, кое може да предизвика експлозија доколку дојде во контакт со оган.
/319287454_1186905361913777_2033430611257884147_n" rel="attachment wp-att-207024">
„РЦУК – Прилеп известува дека од 15:20 часот ТППЕ Прилеп и екипа од ПС Прилеп на патен правец Прилеп -Плетвар кај Каменоломот имаат интервенција на сигурносниот вентил кој пропуштал гориво од возило -цистерна која превезувала течен гас – метан.
Возилото е одстрането од сообраќај на лице место се упатени екипа од ПС Прилеп и ТППЕ Прилеп заради одстранување на дефектот и обезбедување на просторот и возилото.
Сообраќајот се одвива под контрола на патрола од ПС Прилеп.
За настатнот е известен инспекторот за заштита и спасување од ДЗС Прилеп“, информираат од ЦУК