Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Фото) Зеленски бара помош по рускиот напад во кој загинаа две девојчиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Шест лица, меѓу кои и две девојчиња, загинале во руски напад со беспилотни летала во Харковската област, во североисточна Украина. Уште 14 лица се повредени, меѓу нив и шест деца, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.

— реклама —

Според Зеленски, дроновите директно погодиле луѓе во парк, во близина на кафуле. Меѓу загинатите е и малата Ангелина, родена во август 2025 година, која во моментот на нападот била во детска количка. Нејзината мајка Ина починала во болница. Во нападот загинало и 11-годишно девојче.

— реклама —

Зеленски изрази сочувство до семејствата на загинатите и повторно побара од меѓународните партнери да ја зголемат поддршката за Украина, особено во областа на противвоздушната одбрана. Тој нагласи дека заштитата на човечките животи мора да биде приоритет.

— реклама —

Украинскиот претседател повика и на продолжување на санкциите против Русија сè додека траат нападите. Од САД побара поодлучни мерки и примена на иницијативата поврзана со законот на Линдзи Греам, а од европските земји – да продолжат со поддршката за Украина.

— реклама —

„Украина сака мир. Русија е таа што цело ова време инсистира на продолжување на убивањето“, порача Зеленски, повикувајќи ја меѓународната заедница да ги искористи сите расположливи средства за запирање на војната и гарантирање на безбедноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 2 дена

media-libraryspg3a44vr325ahxo10E

(Видео) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорошката област се искачи на 55

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски бара двопартиска поддршка од САД и итна испорака на ракети за „Патриот“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања