Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

(Фото) Жена тепана и давена среде Скопје, на млада девојка која реагирала и рекле „Маж ѝ е, што сака нека ѝ прави, не се мешај“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Скопје
media-librarytk8t5v0c4obk8JBceAE

Скопјанката Александра преку социјалните мрежи сподели вознемирувачко сведоштво за случај на насилство врз жена што, според неа, се случил среде бел ден во Скопје.

Таа наведува дека насилник брутално ја тепал и давел жената, а нејзината ќерка се обидела да интервенира и да ѝ помогне.

— реклама —

„Мојата ќерка се обидела да ѝ помогне на жената и го замолила да престане да ја малтретира. Со него имало уште еден маж, кој ѝ рекол: ‘Не се мешај, маж ѝ е, што сака нека ѝ прави’“, напиша Александра.

— реклама —

Според нејзината објава, ќерката возвратила дека ниту еден сопруг нема право да ја тепа својата сопруга, по што насилникот почнал да ѝ се заканува и нејзе.

— реклама —

„Најстрашно е што никој од мажите кои поминувале не се осмелил да ѝ помогне на жената“, додава таа.

Од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“ потврдуваат дека случајот е пријавен.

„Денеска околу 11:30 часот во СВР Скопје од страна на лице од Велес, такси возач, пријавено е дека додека превезувал две лица на подрачјето на Скопје, машкото лице вербално и физички ја нападнало жената, најверојатно негова сопруга“, велат од МВР.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања