(ФОТО) Зимската служба на Општина Центар со 7 возила ги расчистува улиците од снегот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Општина Центар подготвена ги дочека денешните снежни врнежи, зимската служба е веќе на терен и го расчистува снегот од улиците кои се под надлежност на општината.

— реклама —

— реклама —

Со вкупно 7 возила - 2 со плуг и соларка, 4 специјални возила за отстранување снег (до 3, 6, 8 и 12 тони сол) и еден тн. хорхет, машина за чистење тротоари, Општина Центар спремно ги дочека првите врнежи на снег.

— реклама —

Се расчистува снегот на повеќе локации на најпрометните улици во општината, се фрла сол и се расчистува уличната мрежа и критичните сообраќајни точки околу подножјето на планината Водно.

Општината е во секојдневна комуникација со граѓаните од населбите на нејзина територија и останува во координација со градските служби за брзо и ефикасно делување во случај на евентуално зголемување на интензитетот на снежните врнежи.

фото: Општина Центар

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања