„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Фотографијата „Минхен“ на Никола Чамовски победи на натпреварот за најдобра фотографија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Фотографијата „Минхен“ на Никола Чамовски е победник на студентскиот натпревар за најдобра фотографија по повод одбележувањето на Денот на Европа на тема „Најдобар европски град“ со освоени 1947 лајкови и други реакции.

— реклама —

На второ место е Теодор Мицески со фотографијата „Потсдам“ со 1268 реакции, а на трето Михаел Дивјакоски со фотографија од Сплит со „освоени“ 792 реакции.

— реклама —

Онлајн натпреварот за најдобра фотографија, на кој учествуваа 47 студенти, се одржа од 27 април до 9 мај по повод Денот на Европа на Фејсбук страницата на Европското движење (www.facebook.com/EuropeanMovementEMMK) и предизвика огромен интерес „освојувајќи“ над 5000 лајкови и други реакции. Резултатите се менуваа во текот на целиот натпревар, но на крајот една од учесничките беше дисквалификувана поради непочитување на правилата. За победниците се обезбедени парични награди од страна на Европското движење, кое има за цел да ги доближи европските градови до младите во Македонија и да промовира европски вредности!

Инаку, во рамки на прославата на Денот на Европа, Македонското Европско движење организира и онлајн дебата за размена на искуствата на студентите преку Еразмус плус програмата, како и онлајн квиз за знаењата за ЕУ, а за средношколците, пак, објави конкурс за најдобар есеј на тема „Заедно за иднината на Европската Унија“.

фото: Европско движење во Република Македонија

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања