Исушено зеленило, куп смет, преполни канти, обраснато корито со трева. Ваква слика секојдневно гледаат спортистите и граѓаните на Кејот на Вардар, од Жабар кон Аеродром. И вака е со месеци, велат дел од нив.
Аларматна е состојбата и на скејт-паркот, кој е искршен и небезбеден.
„Веројатно треба да се затвори или реновира, пред да се случи несреќа“, вели читател на „Скопје1“.
Кејот е надлежност и обврска на Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска.







