„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Фото/Видео) Потоп во Словенија, стигнуваат снимки и фотографии од сите страни!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
Slovenija-poplavi

Словенија е погодена од големо невреме, поплави има во целата земја, а во медиумите пристигнуваат ужасни снимки.

— реклама —

Утрово, помалите реки и поројните водотеци нагло се зголемија, а врнежите од дожд поплавуваат неколку области, објави Словенечката агенција за заштита на животната средина. Градот Копер објави дека ситуацијата на терен е опасна и се влошува.

Обилните дождови сè уште се задржуваат помеѓу словенечка Истра и внатрешноста на земјата. На некои места веќе наврнале повеќе од 150 милиметри дожд, објавува Meteoinfo Словенија.

— реклама —

Невремето оштети неколку патишта во областа на Копер, а пред тунелот Декани од правец на Чрни Кал кон автопатот се случи свлечиште.

- Патот во Оспо е затворен поради излевање на реката, истпо како и регионалниот пат во Чепки е целосно затворен, беше објавено.

24ur известува дека сите расположиви екипи се на терен во Копер, а граѓаните се замолени да бидат исклучително внимателни.

Локалната противпожарна служба само до 10 часот наутро регистрирала 70 интервенции поради бурата. Тие нагласија дека животите во моментов не се во опасност, но побараа од луѓето строго да ги следат упатствата на надлежните служби.

Словенечката агенција за заштита на животната средина претходно издаде портокалово предупредување за бури и дожд за северозападните, југозападните и централните делови на земјата. Жолто предупредување за бури беше издадено и за југоисточните и североисточните делови на Словенија во попладневните часови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања