Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

Фотоволтаични панели на спортската сала „Билјанини извори“, базенот и на трибина на Градскиот стадион, ветува Пецаков

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Охрид
Pecakov-1

Квалитетно изработената урбанистичко-планска документација овозможува заштита и унапредување на животната средина, а пак уредувањето на просторот и неговото планирање во договор со граѓаните креира пософистициран лик на Општината и овозможува нејзино правилно просторно искористување, вели Кирил Пецаков, кандидат за градоначалник на општина Охрид.

— реклама —

„Обезбедувањето сигурни и стабилни извори на енергија станува еден од најголемите проблеми со кои се соочува развојот на современите технологии за производство на електрична енергија. Наша определба е да вложуваме во зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија. Во таа насока има да обезбедиме проектна документација за поставување фотоволтаични панели наменети за ридско-планинските места коишто не можат да се користат за други намени.

— реклама —

Со ПОСТАВУВАЊЕ ФОТОВОЛТАИЧНИ ПАНЕЛИ значително се намалуваат трошоците за електрична енергија, се зголемува вредноста на објектите и се дава значителен придонес кон заштитата на животната средина. Технолошкиот напредок докажа дека фотоволтаичните панели не само што се прифатлива опција, туку се и најлогичен чекор којшто може да се преземе за да се остварат заштеди на енергија. Овој проект опфаќа поставување на фотоволтаични панели на спортските објекти, со чие поставување ќе се добие поголема енергетска ефикасност. Истите ќе бидат поставени на: спортската сала „Билјанини извори“, на базенот и на трибина на Градскиот стадион.

— реклама —

Заокружи 7 за промени, проекти, победи!

7 за уште поубедлива победа на 31 октомври“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања