Промени тема
Контакт

Фрајле добија конкуренција, и тоа згодна! КАМБИ сплитски машки состав кој добро пее и уште подобро изгледа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Магазин
kambi

Ако досега Фрајле беа единствениот женски состав во регионот, од пред некое време девојките имаат конкуренција, и тоа машка. Станува збор за сплитскиот состав Камби, кој постои околу една година и веќе во неколку наврати момците докажаа дека имаат сериозни музички планови. Последниот во низата проекти им е темата со наслов „Заљубљен“ со која настапија на хрватската Дора и го имаа едниот од највпечатливите настапи.

— реклама —

„Заљубљен“ е вистинска бомба од песна! Тоа е, веројатно, најдоброто нешто кое сме го добиле во рацете. Станува збор за љубовна тема и не е балада, туку е исклучително енергична. Песната е со потписот на Макица (Марија Мирковиќ од Фрајле) и голема благодарност што ни овозможи да ја отпееме“, велат момците од овој состав, односно Сандро, Јошко, Јуре и Лука како водечки вокали, кои веќе снимија и мошне интересно видео.

Во темата момците и Марија ја опеваат префинетоста која секоја жена ја носи во себе, па не ни зачудува што стихот „... и мила и самовила...“ веќе го најде патот до срцата на бројните слушателки на овој сплитиски вокален состав, кој е пријатен и за гледање и за слушање.

— реклама —

Статичар, кинезиолог, солист во ХНК и техничар лаборант во Институтот за океанографија и рибарство се навидум четворица „обични типови“ кои ги спојува љубовта кон музиката и повеќегласното пеење. За себе велат дека се непоправливи романтичари, а публиката - дека се неверојатен спој и вистинско освежување во светот на клапите во кој дојде до тоа да е навистина невозможно да се разликуваат една од друга затоа што сите имаа сличен репертоар и начин на изведување на концертите. За визуелниот имиџ и не треба да се зборува.

— реклама —

Камби постои една година, и можеби заради пандемијата овие момци зад себе немаат многу настапи, но затоа веќе имаат низа соработки со познати хрватски имиња како Гулијано, Нено Белан, Роко Блажевиќ...

Секако, тука се и девојките од Фрајле со кои, велат, освен што досега соработувале како автори би сакале да си ги одмерат силите и вокално.

„Фрајле се прекрасни дами и врвни музичарки и би ни било чест да соработуваме со нив. Сорабоката со девојките би била сензација, невозможна енергија, бината би експлодирала“, велат момците од кои еден е во спортот, друг во градежништво, трет во театарот... „Што и да ви треба, одговорот е Камби“, се шегуваат.

Освен Макица како автор на „Заљубљен“ се потпишува Хрвоје Домазет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања