„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Франција е против датум за преговори, велат ќе мора да ја преиспитаме состојбата некаде во 2020

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zaev-makron-merkel-696x464

Франција ја информирала ЕУ дека е против отпочнувањето на преговори со Северна Македонија и Албанија, според дипломатски извори на Ројтерс. „Тие се уште не се таму. Бараме од нив да направат дополнителни напори.

— реклама —

Француските власти сметаат дека Северна Македонија и Албанија не се подготвени за преговори за членство во Европската Унија, но и дека ЕУ мора да

спроведе внатрешни реформи и дека затоа одлуката ќе треба да се одложи за 2020 година, јави новинската агенција Ројтерс.

— реклама —

Париз вели дека ЕУ се соочува со премногу предизвици за да им дозволи влез на уште две држави од Балканот, регион кој се уште влече траги од војните во 1990ите години и се мачи со криминал и корупција. Франција вели дека е потребно првин ЕУ да се реформира од внатре, за да може да покаже повеќе единство и да се соочи со прашањата како што се климатските промени и миграцијата, а двете кандидатки би требало да спроведат дополнителни реформи пред да се одобри датум за преговори. „Се уште не се спремни. Бараме од нив да вложат дополнителни напори. Преговорите не може да почнат во октомври 2019 година, ќе мора да ја преиспитаме состојбата некаде во 2020“, изјавил за Ројтерс француски дипломатски извор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања