Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Франција го поздравува усвојувањето на уставните амандмани во македонското Собрание

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
maxresdefault-5-1

Франција го поздравува конечното гласање на уставните амандмани на 11 јануари од страна на македонското Собрание и оценува дека станува збор за значајна етапа за влегувањето во сила на преспанскиот договор, кој треба да стави крај на спорот со Грција.

„Франција го поздравува конечното гласање на уставните амандмани на 11 јануари од страна на Собранието на Поранешната Југословенска Република Македонија, кое е предвидено во Преспанскиот договор, кој беше потпишан на 17 јуни 2018 година помеѓу оваа земја и Грција.

— реклама —

Станува збор за значајна етапа за влегувањето во сила на овој историски договор кој треба да стави крај на четвртвековниот билатерален спор.Како што наведе и претседателот на Француската Република, договорот е добар за земјата, за регионот и за Европа.Франција сега посакува и грчкото Собрание набрзо да го ратификува договорот”, се вели во изјавата на портпаролот на Министерството за Европа и за надворешни работи на Франција, Ањес Фон Дер Мил (Agnès Von Der Mühll), која што ја пренесе Амбасадата на Франција во земјава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања