Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Франција го ратификуваше протоколот за членство во НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
makedonija-NATO

Македонија на чекор до полноправно членство во НАТО. Нешто повеќе од еден час им требаше на француските пратеници да го ратификуваат пристапниот протокол за членство на Македонија во Алијансата, по што останува уште Шпанија, за да се заокружи целокупниот процес.

— реклама —

„Очекуваме истата порака да се испрати и на Самитот во Лондон и очекуваме и третманот на нашата држава на Самитот да биде, како де факто – членка на Алијансата. Убавите вести од Париз покажаа дека навистина како држава си ги реализираме своите стратешки цели и убедена сум дека овој стратешки успех ќе ни даде сила да ги завршиме и другите работи. Кога имате ситуација од 29 земји членки – 28 да ратификуваат практично за 9 месеци, тоа ви е силна политичка порака. И таа политичка порака ќе продолжиме да ја испраќаме и во Мадрид.“ - изјави министерка за одбрана Радмила Шеќеринска .

— реклама —

Честитки по повод последната ратификација упати и францускиот амбасадор Тимоние, кој очекува Македонија многу бргу да почне да придонесува за светската безбедност.

— реклама —

Француската ратификација ја поздрави и американската амбасадорка во земјава, потсетувајќи дека со членството доаѓаат и серизони обврски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања