Промени тема
Контакт

Франција го совлада Ирак и обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Спорт
lopta-fudbal

Француската фудбалска репрезентација обезбеди пласман во нокаут-фазата на Светското првенство 2026, откако ноќеска, во второто коло од групата И, убедливо го совлада Ирак со 3:0 на стадионот „Линколн Фајненшл Филд“ во Филаделфија.

Французите поведоа уште во 14. минута, кога капитенот Килијан Мбапе ја затресе мрежата на противникот и го постави резултатот од првото полувреме.

— реклама —

Почетокот на вториот дел беше неколкупати одложуван поради издадена портокалова тревога за грмотевици над стадионот, па натпреварот продолжи дури по двочасовен прекин.

По продолжувањето на играта, Мбапе повторно беше прецизен по асистенција на Усман Дембеле и го удвои водството на Франција. Конечните 3:0 ги постави освојувачот на „Златната топка“ за 2025 година, кој се запиша меѓу стрелците и ја потврди убедливата победа на својот тим.

По две одиграни кола, Франција и Норвешка се наоѓаат на првите две позиции во групата И и веќе обезбедија место во плејофот, додека Сенегал и Ирак остануваат без освоен бод.

— реклама —

Во последното коло од групната фаза, Франција ќе се соочи со Норвешка, а Ирак ќе игра против Сенегал.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2217ddbj3gsgdFWRX8S

Претседателот на ФИФА испрати честитка до Аргентина по финалето

Трендови | пред 1 месец

media-librarypimm8j45199j27PEgOd

(Видео) Голманот на Шпанија го игнорираше Доналд Трамп на церемонијата на доделувањето на трофејот

Спорт | пред 1 месец

media-library01g984pmv6797oWzhqC

(Видео) Меси во солзи по поразот на Аргентина во финалето

Вирално | пред 1 месец

media-library04u2e57clr5gcryQDZv

(Видео) Го изгуби финалето, па ја изгуби и контролата: Аргентински фудбалер нападна шпански репрезентативец

Вирално | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања