Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Францускиот амбасадор Тимоние, се сретна со Донев и Милошевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
IMG_2850-01-07-19-18-14

Во текот на денешната посета на неговата екселенција, амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристијан Тимоние, на наше големо задоволство беше остварена средба и со нашите претставници Сашо Донев, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид и Митре Милошевски, кандидат за градоначалник од нашите редови на неодамнешните избори за градоначалник на општина Охрид.

— реклама —

Во пријателска и конструктивна атмосфера беше разговарано на повеќе теми од кои би издвоиле две, на кои се осврнавме со посебно внимание.

Прво, поразговаравме за текот на неодамнешните избори за градоначалник на општина Охрид, на кои победи кандидатот на нашите политички опоненти. Се осврнавме на одредени појави кои се’ уште претставуваат предизвик за нашите изборни процеси и можностите за елиминирање на појави кои го компромитираат овој највисок демократски чин.

— реклама —

Друга значајна тема на која подолго се задржавме, се секако, настаните поврзани со можноста да добиеме статус на загрозено природно и културно светско наследство наредниве денови во Баку. Констатиравме дека препораките кои ги добивме пред повеќе од една година треба најсериозно да се сфатат и најдоследно да се импламентираат. Предочивме на нашата загриженост заради многубројните активности и состојби кои сериозно го загрозуваат како езерото и природата, така и автентичноста на Охрид и неговото културно наследство.

— реклама —

Импресионирани сме од степенот на информираност на амбасадорот Тимоние за состојбите во нашиот и светски бисер Охрид. Изразивме благодарност за заинтересираноста и желбата да добиеме помош во справување со овој, во моментот најголем предизвик за градот.

ВМРО-ДПМНЕ од Охрид и во иднина ќе ја користи секоја можност за конструктивни средби со претставници на дипломатскиот кор и други истакнати членови на меѓународната заедница на кои ќе ги афирмираме своите заложби за развиен, просперитетен и космополитски Охрид со зачувано природно и културно наследство, се вели во соопштението од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања