Промени тема
Контакт

Фрчкоски: Досега немало влада со полошо владеење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Frckoski-tribina-1

Професорот Љубомир Фрчкоски, во рамките на трибината на СДСМ, под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна дека со ВМРО-ДПМНЕ се случува парадокс.

Имено, ВМРО-ДПМНЕ е ретко силна партија, со оглед на пратениците и позициите во парламентот, но парадоксот е дека таа практично не владее на надворешен, но и на внатрешен план. Не носи одлуки, нагласи Фрчкоски.

Тој истакна дека политиката дефинира две акции, од кои една е реашавње на конфликти а втората е операционализација на опцијата за развој, за благосостјба на граѓаните.

Во тие две акции ВМРО-ДПМНЕ не функционира, нагласи Фрчкоски, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не решава конфликити, не прави чекори кон хармонизација во таа антагонистичка политичка сфера, туку отвора конфликти, преку прогони, прогонува политички противници, менува, произведува некакви судири, создава меѓуетнички тензии, функционира она што премиерот го вика „нас со Албанците ќе ни треба второ полувреме“, а опцијата за развој ја менуваат со хистерична пропаганда, со хистеричен ПР, прават потемкини села на развој, што на крајот на краиштата завршува со генерално назадување.

Ние назадуваме во сите линии, политичките елити се послаби, образованието назадува, НГО секторот е растурен и назадува, не функционира, медиумите се во страшна ситуација. Во сите точки назадуваме во ситуација кога регионот напредува. Ние го немаме тој луксуз, ние не можеме да го издржиме тоа назадување долго, практично ќе имплодираме внатре по меѓуетнички основи по една линија, меѓутоа и по социјални основи. Ние генерално осиромашуваме и тоа е една ситуација, која не може долго да се издржува, рече Фрчкоски.

— реклама —

Во однос на неспособноста на власта, Фрчкоски нагласи дека досега немало влада со полош рејтинг во првата година од владеењето.

Тоа е најлош старт, независно силата во парламентот. Резултатот од тоа не значи дека она лесно ќе падне, нема да се случи промена додека нема издржана алтернатива, додека луѓето не видат дека тоа е возможна алтернатива, и дека таа е таа, рече Фрчкоски, додавајќи дека тоа значи дека опозицијата има една неверојатна крупна улога да се консолидира и тоа не може да се прави само со критика на власта, туку и преку поврзување со своите линии и значајни историски потези што партијата или групацијата на партии ги направила, а не дистанца од нив.

— реклама —

Ние не смееме да се срамиме од тоа како е направен договорот од Преспа, како се водени преговорите со Бугарија, независно од тоа што мислиме, како тоа се одразило на изборните резултати. Не е важно тоа, треба да се издржи јасно на тие позиции на кои СДСМ историски ја изгради оваа држава, рече Фрчкоски.

Тој смета дека се возможни понуди за големи коалции, бидејќи не е јасно како ќе излезе со Бугарија

Имам впечаток дека на некој начин ќе свијат грб секако по таа линија и некаков контакт ќе бараат. Тука е процена, која е многу важна да се направи. Поддршка од опозицијата на тој принципиелен став со Бугарија треба да има. Бидејќи решението, независно како ќе го цените францускиот предлог е исклучително во национален интерес на Македонците, тука да нема дилема никаква. Кој го правел, како го правел. Тој е направен во две точки кај јазикот и кај националниот идентитет апсолутно 100% во наш интерес, рече Фрчкоски.

— реклама —

Тој посочи дека владата е тотално без никаков план и тоа е застрашувачки.

Значи вие имате една структура, во која ние сме прирепок на Орбан, Вучиќ и линијата до Солун и коридорот 10, за кој нашиот министер се радува дека ќе го изгради. Може да биде во наш интерес некаков, но не повеќе од коридорот 10. Тоа е затоа што Кинезите отвраат дел во солунското пристаниште и на Орбан му е важно таа линија да функционира заради Кинезите. Ние сме последен прирепок на таа линија. Нашите се радуваат како деца, што функционираат во тоа оро. Таква една неспособна, да ја оцени сопствениот интерес политика, ние не сме сретнале досега. И тоа скапување е голем ризик, не може да не радува тоа, таквата неспосбност на владата која не функционира. Прогони и ПР симулакрум дека нешто се пррави, ништо друго, се е празно поради тоа, истакна професорот Љубомир Фрчкоски, на трибината на СДСМ, под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sun-setting-silhouette-electricity-pylons

СДСМ: Бајка на Мицкоски за провизија - цевка што ја нема, електрана што ја нема.,струја што ќе се увезе

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ: Нова манипулација на Мицкоски, дата-центарот нема да ја "пие" водата туку струјата, а струјата ја увезува, токму тој

Македонија | пред 12 часа

media-libraryn9in3eucpqpu3btWKsJ

Давчевски: Врв на лицемерие - 5 години ВМРО го блокираше проектот на СДСМ за БРТ за сега Орце да се фали

Македонија | пред 12 часа

media-libraryqs8lm10glap46Z6cw9N

СДСМ: Две години од предавството на ЗНАМ, една љубов – тендери!

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања