Фрчкоски: Продолжуваме со инвестиции во подобрување на инфраструктурата во Центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
SMK_1836

— реклама —
Локалната и градската власт предводени од СДСМ и Коалицијата продолжуваат со сериозни инвестиции во современата инфраструктура на територија на општина Центар, истакна  Јон Фрчкоски, советник во Советот на општина Центар.

— реклама —

— реклама —
Градежната офанзива за изградба и реконструкција на центарските улици е во полн ек. Во тек е втората фаза од реконструкцијата на улицата Лазар Личеноски. На оваа делница ќе се изврши целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.300 метри, реконструкција и проширување на постојните тротоари, како и замена на оштетените рабници.

Досега на територија на Општина Центар комплетно се реконструирани 25 сервисни улици и 6 паркиралишта, а во периодот што следи ќе се направи целосна реконструкција на улиците „Орце Николов“, „Козара“, „Народен Фронт“, „Аминта Трети“ и „Елисие Поповски“.

Водени од интересот на граѓаните, со забрзана динамика продолжуваме и понатаму да градиме по план и да инвестираме во развојот и иднината на Центар, истакна Фрчкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања