Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Фрчкоски: Со укинувањето на Пржинската влада, ВМРО го урниса и последниот бедем за фер и демократски избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarygm2ihg5snep36VLYywY

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5, укажа дека со носењето на последните измени на Законот за Влада и укинувањето на Пржинската влада, владата на ВМРО го урниса и последниот бедем за фер и демократски избори. Фрчкоски посочи дека со ваквиот потег се урива еден од клучните механизми за изборен баланс и контрола, воведен со консензус и под меѓународен мониторинг.

„Вчера практично се урниса и последниот бедем или нормален предуслов за демократски избори во Македонија, имајќи предвид каква организирана група ја води државата. Зошто го кажувам тоа? Затоа што законот се донесе на најшверцерски начин, а тоа е еден закон кој што беше донесен со консензус на четирите партии, со поддршка и мониторинг на целиот тој процес од меѓународната заедница, од Европската Унија, од САД како стратешки партнер“, рече Фрчкоски.

Тој потсети дека токму ВМРО, односно сегашниот премиер Мицкоски, во времето кога СДСМ беше на власт инсистираше техничката влада да остане, но, сега не им одговара. Фрчкоски нагласи дека власта е оптоварена со корупциски афери и дека токму затоа бега од фер изборен процес.

„Ова е влада која е заглавена во корупциски скандали. Ова е однос на една влада која што суштински се плаши од спроведување на фер и демократски избори. Христијан Мицкоски беше оној кој што инсистираше законот да остане, односно решението во законот да остане, со нагласување да остане до влез во Европската Унија. Но, поважно е дека тоа го прави влада која што е во страв и во паника. Доколку навистина не размислуваат на организирање на избори брзо, доколку навистина не веруваат во тоа дека рејтингот им е галопирачки паднат, не би се однесувале така“, рече Фрчкоски.

— реклама —

Тој нагласи дека реакциите на СДСМ не се од некаков страв, туку од принципиелна потреба да се заштити изборниот процес и граѓаните да имаат можност да излезат на фер и демократски избори.

„Ние не прејудицираме од никаков страв, напротив тука сме многу растеретени, се работи за одбрана на еден демократски постулат и принцип, можност граѓаните да излезат на фер избори. Но, ова е власт што е глува за било какви здрави аргументи, се води исклучиво од личниот интерес според мене и она што го гледаме е најчесто бизнис интерес“, рече Фрчкоски.

— реклама —

Во интервјуто Фрчкоски посочи дека ваквото однесување на власта и укинувањето на техничката влада е резултат на страв и пад на рејтингот.

„Поважно е дека тоа го прави влада која што е во страв и во паника. Доколку навистина не размислуваат на организирање на избори брзо, доколку навистина не веруваат во тоа дека рејтингот им е галопирачки паднат, не би се однесувале така“, рече Фрчкоски.

— реклама —

Тој порача дека ваквите чекори на власта отвораат сомнежи за нивните вистински намери, вклучително и можноста за брзи избори.

„Единствен што целиот овој период прави алиби и подготвува терен за брзи избори, затоа што веројатно нема пари и математиките во начинот на практицирање на власта му се многу лоши и неуспешни, е самиот премиер и неговата партија“, рече Фрчкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryd6355q6sb3la6Nqk6pI

Јон Фрчкоски со детали за 51 тендер: „16 милиони евра за омилена фирма на ВМРО“

Македонија | пред 6 месеци

media-librarymmop3im0sfmbfeJQfmR

Фрчкоски: Власта се плаши од скандалите за криминал кои ги отворивме, затоа ме напаѓа лично и семејно

Македонија | пред 7 месеци

media-librarymks5irmi1p0ecPi4DeP

Јон Фрчкоски во фокусот на нападите: ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „новото“ раководство на СДСМ е блиско до Заев

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања