Промени тема
Контакт

Фрчковски кој порачуваше дека Албанците ќе завршат во Јадранско Море, Пендаровски скандалозно го именуваше за амбасадор во ООН, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
frckovski

Фрчковски е контроверзен лик кој во 2001 година заговараше бугарски и грчки војски да интервенираат против македонските Албанци, или како што рече „можеби ние ќе зборуваме бугарски, ама Албанците ќе пливаат кон Италија“, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Човекот кој им порачуваше на Албанците дека ќе завршат во Јадранско море, а Македонците дека ќе зборуваат бугарски, Пендаровски со указ го назначи за ополномоштен амбасадор на Македонија во Организацијата на Обединети Нации.

— реклама —
— реклама —

Фрчковски кој ги тепаше граѓаните во Тетово, во чиј мандат се случи атентатот на Глигоров, кој издаваше наредби за прислушкување, кој дозволуваше кршење на ембаргото кон Србија и шверц, кого го одбија како предлог за амбасадор во САД, сега Пендаровски го испраќа во Обединети нации. Ова е срам за Македонија. Колку што е срам за Фрчковски уште поголем срам е за Ковачевски и Пендаровски кои ова го овозможуваат. После се чудат зошто никој не ја есапи сериозно Македонија. Епа заради нивните авантури со именување контроверзни ликови на најзначајни позиции во дипломатијата сме на ова дереџе“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања