„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Фридом хаус: Македонија делумно слободна земја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mapa

Македонија и натаму се наоѓа во групата делумно слободни земји според најновиот извештај на Фридом хаус „Слободата во светот 2019“. Земјава и оваа година останува со вкупен рејтинг од 3,5, на скала каде 1 е најслободно, а 7 е најнеслободно општество.

— реклама —

Во оваа група од регионот уште се наоѓаат Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. Србија падна од групата слободни во делумно слободни земји поради изборните нерегуларности.

Унгарија исто така падна од групата слободни во делумно слободни поради постојаните напади врз демократските институции на земјата од страна на партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан, влијаејќи врз медиумите, верските групи, академијата, невладините организации, судовите и приватниот сектор.

— реклама —

Во групата слободни земји од регионот се Бугарија, Хрватска и Романија. Од 195 земји, 86 или 44 насто се оценети за слободни, 59 или 30 насто за делумно слободни и 50 или 26 насто за неслободни земји.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања