Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Фрлиле дрога од автомобил при полициска контрола: приведени две лица од Кичево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library3i20nhhgf8a46Z9a23V

На подрачјето на Кичево полицијата пронашла пакување со бела прашкаста материја, а во врска со случајот се лишени од слобода две лица.

— реклама —

Како што информира МВР, на 11 август во 21:30 часот во селото Србјани, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода И.Б. (43) и А.Л. (29), двајцата од Кичево.

— реклама —

Претходно, полицајците дале знак за запирање на патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал И.Б., додека А.Л. бил сопатник. Во моментот кога возилото било запрено, двајцата од прозорецот фрлиле пакување со бела прашкаста материја, кое подоцна било пронајдено и одземено.

При преземањето на мерките било утврдено и дека И.Б. го управувал возилото иако имал активна забрана за управување со моторно возило од категорија Б.

— реклама —

За случајот бил известен јавен обвинител, по чија наредба возилото било одземено. ОВР Кичево до ОЈО Кичево поднело кривична пријава против двете лица.

— реклама —

Судија на претходна постапка од Основниот суд во Кичево им определил мерка притвор во траење од 30 дена, по што тие биле спроведени во казнено-поправната установа Затвор Битола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

Напади врз сопруги, деца и членови на семејството: Десет пријави за семејно насилство

Македонија | пред 34 минути

— реклама —
media-libraryp3s5jsmgm8jg0VTruJD

Лажни пораки во име на „Безбеден град“ за казни, МВР открива како да ги препознаете

Македонија | пред 36 минути

media-librarytgu6ftghk9oa3gosXEJ

Народната банка спровела четири нивоа на проверки пред давањето согласност за преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка од Србија, тврди Славески

Македонија | пред 1 час

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Шест возачи приведени за безобѕирно управување со возило, четворица немале возачка дозвола

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања