Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Фродем: Алчната ,,Мериот -Коалиција” креатор, столб и реставратор на Груевизмот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
jove-kekenovski

Зарем беа потребни пет години и неколку порази по ред некој да се сети дека се потребни персонални промени во ВМРО ДПСМНЕ. И тоа не било кој, туку на тоа сега се сетија ,,главешините” на ,,Мериот коалицијата” во која најгласни се старите подданици, креатори и верни поддржувачи на режимот на Груeвски. Се работи за бивши министри со мандат од десетина години (како на пр. Д-р Смрт и ,,врвен” експерт за образование), бивши градоначалници со два, три, па и четири мандати (Коневски, Стамнов, Латиновски и др.), бивши директори на служби (Мијалков и др), бивши и амнестирани пр(л)атеници и кој сé уште нé. Заеднички именител на сите нив не е тоа што се бивши, туку тоа што подолго време го немаат тоа што го имаа цврсто во раце додека му служеа на бегалецот од Будимпешта. Пари, власт, моќ и неодговорност, се вели во соопштението од Фронт за демократска Македонија - ФРОДЕМ.

Заедничко им е и тоа што ниту еден од ,,главешините” на наменската коалиција досега не е осуден за сторениот криминал и злосторство врз граѓаните за време на режимот благодарение на кокетирањето и пазараењето со најголемиот политички конкурент кој сега е на власт. За жал најголем дел од нив бесрамно само заради лични и лукративни интереси дадоа поддршка на Преспанскиот договор и на промената на уставно име на државата.

— реклама —

ФРОДЕМ како прва партиска фракција уште од 2015 година, додека со партијата раководеше бегалецот од Будимпешта со сéсрдна поддршка од сегашниве главешини на ,,Мериот коалицијата”, бараше персонални промени и демократизација на партијата. Заради искрените и чесни барања фродемци неосновано беа етикетирани како предавници и беа исклучувани од партијата и тоа од страна на докажаните криминално-кодошки структури кои долги години беа во врвот на партијата и кои сега бараат промени. За среќа времето покажа кој е кодош, предавник, арамија, лицемер, лажен патриот, пресметлив политичар, дрзок крадец, а кој држи до себе и до своите чесни патриотски и национални цврсти заложби и ставови.

— реклама —

ФРОДЕМ постојано бараше неслективно расчистување со криминалните партиски структури, кариеристи, прислужници, бандити, непринципиелни и дезидеологизирани персони желни за власт по секоја цена. Баравме да се стави крај и да им се каже довидување на сите оние кои живееа и профитираа од државата и партијата. Но, за жал сето ова беше игнорирано. Заради сопствениот комодитет се молчеше. Сакаме да веруваме дека времето на молчење помина и дека сега е време за конечно расчистување на работите.

— реклама —

Во име на членовите на ФРОДЕМ по којзнае кој пат повторуваме дека ВМРО не заслужува да ја рушат, а најмалку да ја водат кадри кои зад себе имаат еден куп кривични пријави, ниту вмровци по професија и потреба, а најмалку партиски профитери и слугувачи на режимот. ВМРО не смее и понатаму да остане прибежиште и дувло на обвинети и осомничени криминални структури, одродници, платеници и политичари незаситни од желбата за власт, крадење и лично богатење. Партијата не треба повторно да биде отскочна даска за персони кои имаат нескриени амбиции преку грбот на членството повторно да дојдат до власт, да крадат, да се богатат и притоа да не одговараат. Не смее да се дозволи поделба и разнебитување на партијата само заради тоа што така си замислило лицето З.З во договор со верните поддржувачи и креатори на режимот кои имаат само една и единствена цел, спас и амнестија за сторениот криминал и повторно грабеж на народните пари.

Секој обид за игнорирање на овие по којзнае кој пат јавно кажани ставови ќе биде уште подлабоко навлегување во ,,чизмите” на поранешниот претседател на партијата и враќање на незаситните и алчни поддржувачи и блиски на бегалецот од Будимпешта. Не смее да се дозволи реализација на тајниот договор за поделба и разнебитување на ВМРО. Само кристално прочистена и сплотена партија кој доследно ке ги спроведе сите демократски процеси и процедури (вклучувајки го и изборот на претседател на партијата) може да ги победи мрачните партиско криминални сили кои до гола кожа го соголеа граѓанинот, а притоа не одговараа за ништо, се вели во соопштението од ФРОДЕМ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања