Промени тема
Контакт

Фудбалот е повеќе од игра: Првиот мини-пич терен од компанијата Mozzart блесна во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Охрид
SLIKA-1-OHRID-IGRALISHTE

Од срцето на македонскиот бисер Охрид, започна инспиративниот проект „Фудбалот е повеќе од игра“, чија цел е да изгради мрежа од фудбалски мини-терени низ државата.

Првиот терен, гордо го носи името на охриѓанецот и поранешен македонски репрезентативец Гоце Толески — симболично признание за неговиот придонес кон спортот.

„Непроценлива е честа и радоста што токму јас сум дел од овој исклучителен проект, а особено што овој прекрасен фудбалски терен го носи моето име. Искажувам искрена благодарност до компанијата Mozzart, која преку своите ангажмани постојано го поддржува развојот на спортот и го негува спортскиот дух кај младите генерации. Сѐ додека постојат вакви општествено одговорни компании што вложуваат во спортската инфраструктура, ќе постои и надежта за нови фудбалски ѕвезди. Делото на Mozzart треба да биде пример и инспирација за сите останати.” изјави македонската фудбалска звезда, Гоце Толески

Младите фудбалски надежи на Охрид имаа чест први да го испробаат теренот, играјќи рамо до рамо со својот идол Толески. Атмосферата беше навистина спектакуларна – полна со емоции, насмевки и аплаузи од публиката.

— реклама —

Натпреварот имаше хуманитарен карактер – секој добар потег на теренот, било да е мајсторска асистенција, одлична одбрана или погодок, ја зголемуваше донацијата што Mozzart ја упати кон здружението „Тајните на моето срце“, кое се грижи за деца со посебни потреби од Охрид.

Преку овој проект, од Охрид започнуваме приказна со срце. Задоволството е огромно кога ќе ги видиш младите спортисти со сјај во очите и желба за игра. Тие ни ја потврдуваат исправноста на нашиот избор. Првиот чекор е направен – и не застануваме тука“, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

— реклама —

Следни на ред за ваква спортска благодет се Велес и Свети Николе. А приказната само што започна…

Фудбалот е повеќе од игра! Првиот мини-пич терен од проектот на Mozzart е веќе реалност – токму во Охрид! Теренот го носи името на фудбалската легенда Гоце Толески, а младите охридски фудбалери заедно со својот идол приредија вистински спектакл. Натпреварот имаше хуманитарен карактер – секој добар потег значеше поддршка за децата од „Тајните на моето срце“. Следни: Велес и Свети Николе!

— реклама —

(ПР текст)

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library07sf0l2mrl9tb6DVj0Q

Џез под „Света Софија“: Почна четвртото издание на фестивалот во Охрид

Охрид | пред 2 дена

media-library4qk1s4mpve60eZClkmk

Четири вечери, различни музички изрази: Охрид џез фестивал од 27 до 30 август

ОО | пред 2 дена

media-libraryos1hb68q4st10IQTc3b

Стартуваше 39. Охридски пливачки маратон, Пецаков: „Мирни води на сите пливачи“

Охрид | пред 1 седмица

media-libraryvuq2j0pptvmn8gtL1YY

Млади литературни творци од четири балкански земји се собраа во Охрид

ОО | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања