Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Функционална економија е правна држава, вели Силјановска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
siljanoska-12

Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денес оствари средба со претседателот на Стопанска комора на Македонија, г. Бранко Азески, во придружба на г. Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, г. Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и г. Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Денешната средба со претставниците на Стопанската комора на Македонија беше исклучително корисна, поради фактот дека способноста на една држава во меѓународните односи, меѓу другото, се мери со капацитетите да се вклучи во глобалните стопански текови, но и да одговори и одолее пред потресите кои доаѓаат однадвор во вид на кризи, појасни проф. д-р Гордана Силјановска Давкова.

По средбата проф. д-р Гордана Силјановска Давкова додаде дека предуслов за функционална економија е правото и правна држава, и се додека не се воспостави тоа во Република Македонија нема да има развој и просперитет. Економијата е најзначајна за македонските граѓани. За жал економските индикатори покажуваат дека имаме намалување на извозот, намалување на продуктивноста и производството, зголемена зависност од други земји. Зголемените даноци ги земаат првите жртви, даночна евазија и помала наплата на даноците.

— реклама —

Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова најави дека значаен дел во нејзината програма ќе биде посветен на економската дипломатија со цел да се подобри животот на граѓаните на Република Македонија кои имаат право на достоинствен живот како што им доликува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања