Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Функционерите ќе земаат 78 отсто поголеми плати до Нова година, Тренчевска најави дека дотогаш ќе изберат решение за намалување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


Владата до крајот на годинава ќе избере едно од двете можни решенија за намалување на платите на функционерите, кои во март годинава беа зголемени 78 %. Министерката за труд, Јована Тренчевска, денес, уште еднаш потсети дека платите на функционерите не ги зголемила Владата која сега бара ново решение, туку Уставниот суд, а посочи и дека Собранието можело досега да најде некое решение за нивно намалување.

— реклама —

„Една опција е Законот за плати во јавниот сектор, а другата е измена и дополнување на повеќе закони, шест или седум, со кои се регулираат платите на сите оние функционери што се опфатени со одлуката на Уставниот суд. Ние како Влада ќе ги донесеме измените, меѓутоа треба да отидат на парламент, парламентот го има последниот збор за платите на функционерите. И пратениците во периодот што помина од донесувањето на одлуката на Уставниот суд досега можеа да донесат законски решенија на иницијатива на пратениците и пратеничките групи. Не мораше сѐ да се остави на Владата. Ако Владата работи на ова, ако Собранието имаше некакво поинакво решение, можело во изминатиот период да го донесат тоа решение. Бараме решение, ќе го најдеме решението. До крајот на годината ќе се избере една од опциите“, рече министерката Тренчевска.

— реклама —

Нагласи дека во периодот што следува заедно со Синдикатот треба да ги дефинираат највисокиот и најнискиот коефициент за пресметката на платите, процес за кој министерката Тренчевска не е оптимист дека ќе успеат да го завршат до крајот на декември иако е дел од едното решение за намалување на платите.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања