Функционерите од ЛДП со поддршка на малите бизниси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
LDPlogo-620x360

ЛДП не сака да ги коментира одлуките на уставниот суд. Солидарноста не се постигнува со одлуки и наредби, туку таа треба да е доброволен чин за сите поединци. Затоа, функционерите од ЛДП донесоа одлука да бидат солидарни и да ја донираат разликата во платата, истакнуваат од Либерално-демократската партија. Тие, на овој начин директно се вклучија во помошта на малите бизниси погодени од Ковид-19, се со цел да им се помогне на работодавците во овие тешки времиња да ги задржат вработените.

— реклама —

„Ова е скромна помош од наша страна, поттик за сите оние кои може да одделат дел од финансиските средства да се вклучат, а со тоа да покажат солидарност. Треба да бидеме сплотени повеќе од било кога во поддршка на бизнис секторот кој е погоден од пандемијата. Со ова испраќаме порака особено до малите бизниси дека ЛДП е со вас и сакаме да ја пребродите кризата што побрзо“ потенцираат од ЛДП.

— реклама —

фото: Архива

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања