Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Функционерите од СДС молчат, а ДКСК и институциите не реагираат, денес во 12 часот нови детали за аферата „Тајни имоти“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Функционерите од СДС молчат, а ДКСК и институциите не реагираат, денес во 12 часот нови детали за аферата „Тајни имоти“, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„123 функционери од власта кријат имот од 30 милиони евра со месеци, а дел од нив со години и институциите не реагираат.

Не може да биде системски пропуст кога 123 лица немаат пријавено имот, може да биде само системско криење.

— реклама —

ДКСК наместо да чека поднесок, треба да почне да си ја работи работата. Како за дезертерот Ковачевски побрзаа да го амнестираат, па потоа кога ги пушти низ вода и сам призна се, а ВМРО-ДПМНЕ поднесе претставка молчат. Што ќе се смени сега?

— реклама —

Наместо да чекаат ДКСК, но и другите институции треба да почнат да постапуваат.

Законите се јасни, но очигледно со СДС на власт, тие не важат за нивните функционери.

— реклама —

Функционерите од власта и ДКСК имаа време да се пријават или отворат постапки. Но наместо извинување кон граѓаните и оставки тие молчат. Затоа денес во 12 часот ВМРО-ДПМНЕ продолжува со изнесување на нови детали од аферата „Тајни имоти“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања