Поранешниот директор на Агенцијата за перење пари Ване Цветанов, Ване Цветанов му се заблагодари за укажаната доверба на премиерот Зоран Заев откако вчера беше именуван за в.д. претседател на Совет за унапредување и надзор на ревизијата од страна на Владата.
„Благодарност за дадената доверба од страна на Премиерот Зоран Заев. Ќе дадам максимум од себе, да ја оправдам довербата и професионално да одгововорам на овој предизвик, кој што е чест за мене.“, напиша Цветанов доцна синоќа на својот профил на Фејсбук.
Цветанов беше функционер во поранешните институционални ешалони на Никола Груевски.