Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

ФЗОМ обезбеди буџет за лекот Kalydeco/Ivacftor

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
lek-3

Фондот за здравствено осигурување ќе обезбеди условен буџет од вкупниот договорен буџет за 2021 година за ЈЗУ Клиника за детски болести за набавка на лекот  Kalydeco/Ivacaftor во износ од 6.663.048,00 денари.

— реклама —

Лекот ќе се користи за обезбедување на здравствени услуги на трoјца пациенти кои се лекуваат во ЈЗУ Клиника за детски болести. Согласност за набавка на лекот побара Клиниката за детски болести, а Министерството за здравство издаде согласност за набавка на овој лек, во склад со член 9 од Законот за здравствено осигурување.

Одобрението што го даде Фондот, е во траење од два месеци, по што од страна на Клиниката за детски болести ќе се направи анализа за успешноста на  примената терапијата. Доколку резултатите се позитивни, а имајќи предвид дека се работи за доживотна терапија лекот  Kalydeco/Ivacaftor по  претходно спроведена процедура за негово вклучување преку Комисијата за ретки болести, понатаму ќе биде обезбедуван во рамките на Програмата за лекување на ретки болести за 2021 година, која е во надлежност на Министерството за здравство, а ја носи Владата на Република Северна Македонија.

— реклама —

фото: TheSocialMedwork

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања