Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, за сите матични лекари во примарната здравствена заштита од општа пракса и гинекологија и обезбеди покачување на капитациониот бод за 8 денари или зголемување од 15%, односнопокачување за стоматолозитеза 8 денари или 18%.Фондот за здравствено осигурување, преку Владата на Република Северна Македонија, за оваа намена, дополнително обезбеди 465 милиони денари годишно.
Исплатата на вредноста на новиот капитационен бод ќе биде од 1.10 2019.
Целта е подобрување на материјалните и техничките капацитети на матичните лекари во примарното здравство и нивна поголема ефикасност. Осигурениците, односно пациентите,ќе добијат квалитетна здравствена услуга уште во ординацијата. Така, ќе се намали потребата за понатамошно упатување. Со тоа ќе се растоварат лекарите и здравствениот систем на секундарно и терцијарно ниво, а ќесе поттикне превентивата во примарната здравствена заштита.
Со новите мерки се олеснуваи административната работа во примарните здравствени установи. Ќе биде воведено кодирање, односно шифрарник на услуги на матичните лекари.Се работи и на развивање на ефикасни протоколи и упатства за реализирање на здравствените услуги.
Фондот планира подобрување на методологијата за плаќање на матичните лекари во примарната здравствена заштитапреку вреднување на квантитетот и квалитетот на пружените здравствени услуги, согласно медицина базирана на докази.
Покачувањето на капитациониот бод во примарното здравство е дел од сеопфатната реформа во здравствениот систем.Овој процес на реформи подолго време го спроведуваме со вклучување на сите засегнати страни.Тоа се: Фондот за здравствено осигурување, како претставник на осигурениците, Министерството за здравство како претставник на Владата и Лекарската Комора на Македонија, здруженијата на лекари како и претставници на стручната фела.
Исто така,Фондот ќе ги зголеми надоместоците за 15% на приватните здравствени установи од специјалистичка и консултативна здравствена заштита.Надоместоците за лаборатории ќе бидат дополнително ревидирани по извршена заедничка ревизија со здружението на лаборатории. За таа цел Фондот годишно ќе обезбеди дополнителни 62 милиони денари.
Освен овие промени, Фондот донесе одлука, од 1 ноември 2019 година да се зголеми и надоместокот за аптеките со кои Фондот има склучено договор, за издавање на лекови на рецепт од 16% на 18%, додека надоместокот за скапите лекови ќе изнесува 180 денари по рецепт.
Оваа мерка, комбинирано со неодамнешното укинување на квотите на аптеките, ќе придонесе кон уште поефикасно, поквалитетно и непрекинато издавање на лекови на рецепт кои се на товар на Фондот за здравство.
Сите овие реформи Фондот ги реализира во соработка со сите релевантни здравствените чинители, со цел да обезбеди задоволни осигуреници и здравствени работници.
Накусо, целта на реформите во примарната здравствена заштита за 2020 године е:
- Да се воведе модел на плаќање во примарна здравствена заштита, кој ќе придонесе кон обезбедување на сеопфатна примарна здравствена заштита од страна на здравствените работници на примарно ниво, како и да се подобри квалитетот на примарната здравствена грижа.
- Промена на моменталниот систем на плаќање на лекари/ординации од примарно ниво на здравствена заштита, со цел новиот модел да поттикне и обезбеди:
- Подобрување на превентивата на примарно ниво за здравствена заштита
- Дефинирање и примена на стандарди за обезбедување здравствени услуги.
- Зголемување на обемот на здравствени услуги на примарно ниво и намалување на степенот на упатување кон повисоко ниво на здравствена заштита.
- Поголем број лекари од општа пракса кои ќе имаат специјализација по семејна медицина.
- Пружање поголем број услуги од страна на медицинската сестра, во однос на сегашното ниво, преку поттикнување на вработување на трет член во тимот.