Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Габриела Илиевска влезе во трката за градоначалник на Битола како независна кандидатка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
gabriela-ilievska

Претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска од граѓанската иницијатива „Поинаку“, утрово официјално објави дека ќе се кандидира за градоначалничка на Битола како независна кандидатка.

— реклама —

Во своето обраќање, таа ги повика сите битолчани – без оглед на партиска припадност или изборни навики – да ѝ дадат поддршка.

„После сите шпекулации и приказни, време е да расчистиме. Ве повикувам сите кои сакате поубава, почиста, непартиска и независна Битола, да ми се приклучите и да застанете против три децении запоставување на градот“, истакна Илиевска.

— реклама —

Илиевска нагласи дека, за разлика од политичките партии, таа нема финансиски ресурси за голема кампања, но тоа нема да ја спречи да се бори.

„Пари за кампања и маркетинг немам ич, ама имам храброст, знаење, интегритет и чесност да излезам против сите што досега ја крадеа Битола. Време е Битола да биде независна“, порача таа.

Илиевска има долгогодишно искуство во Советот на Општина Битола – првиот мандат како советничка од ВМРО-Народна партија, а последните два како независна преку иницијативата „Поинаку“. Во јавноста е позната по своите критики и директни настапи против одлуки кои, како што вели, не биле во интерес на Битола.

Со оваа кандидатура, таа станува првата жена независна кандидатка за градоначалник на Битола.

фото: ФБ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања