Новинарот на весникот „Ла Верита“, Ларис Гајсер за радиото Каподистрија предмалку ги анализираше случувањата поврзани со аферата „Рекет“. Соработникот на италијанскиот весник „Ла Верита“ вели дека по објавувањето на аудио разговорите очекувал дека лицата чии гласови се слушаат ќе негираат дека се работи за нив. Тој посочи дека се разоткри системска корупција, политичка и судска, за што стравувал дека ќе исчезнат доказите, затоа јавно ги објавивме, вели Гајсер.
Тој напомена дека „претседателот Пендаровски со прес-конференцијата покажа дека полека се дистанцира од Заев“
Тој коментира дека политичката кариера на македонскиот премиер Зоран Заев е по овој скандал Заврши.
„Јас мислам дека Заев е проблемот, а не е решението. Ова значи дека Македонија во овој момент, од меѓународна гледна точка има премиер кој прави штета на земјата. Тој треба да се смени што е можно побрзо. Имам слушнато сценарио во кое се вели дека јас сум продолжена рака на Орбан и Салвини и дека бараме начини за контрола во Македонија. Ова е чиста измислица! Не вреди ниту да трошам време за да коментирам нешто вакво. Не го познавам ниту Салвини ниту Орбан“, вели Гајсер во интервјуто на радио.
Во целава ситуација единствено молчат федерика Могерини, којашто ја поддржуваше Катица Јанева, и премиерот Зоран Заев, заклучува Гајсер, оценувајќи дека некои од Меѓународните претставници не сакаат да ја видат корупцијата во Македонија.