Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

(Галерија) Усје е најверојатно најголемиот индустриски загадувач во Скопје, чадот прави покривка која нѐ гуши, алармира „02“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
Screenshot-2024-01-18-at-18.29.31

Граѓанската иницијатива „О2“ излезе со тврдење: „Усје е најверојатно најголемиот индустриски загадувач во Скопје“. Според нив, чадот од високите оџаци ја формира типичната покривка која се движи над градот како плашт кој нè гуши.

„Дополнително, не знаеме кое е нивото на најопасните диоксини и фурани, тешки метали, флуороводороди, хлороводороди кои се ослободуваат во поголема мера кога се гори отпадот како од Адиент, Штип, фабриката за тапацир и производство на навлаки за автомобилски седишта, некоја мешавина од винил и текстил, потоа пластика, отпад од пакување, итн. Ова мора да е еден од приоритетите на секој кој сака да го намали аерозагадувањето во градов. Усје треба да користи најдобро достапни техники, кои ќе овозможат намалување на загадувањето, како префрлање на гас во своите процеси (да, можно е, изгуглајте си) и многу подрастично ограничување на она што може да го испушти во воздухот. Впрочем, со милионски профити годишно ова треба да е нивна ОБВРСКА, а не да им се овозможи и понатаму да ни го приредуваат ова што сликите јасно го покажуваат“, пишуваат од „О2 иницијатива“.

— реклама —

Тие додаваат: „Со оглед дека 95% од акциите ги поседува холандскиот Титан, TITAN CEMENT Netherlands B.V., а профитот што го направиле во изминативе 20-ина години е над €500 милиони (за 2022 год. е €18М), го повикуваме амбасадорот на Холандија, Дирк Јан Коп, да изврши потребно влијание врз нивната компанија која го поседува Усје, да инвестираат во користење на гас во нивните производни процеси и постават најсовремени филтерски системи кои ќе го минимизираат ова што ни го прават со децении. Секако да постават и 24ч мониторинг на емисиите, достапен за јавноста, што е задолжително согласно европските стандарди и податоците од мерната станица поставена во дворот на фабриката да бидат исто 24ч достапни за јавноста. Редно е“.

— реклама —
cementara

УСЈЕ: Неточни се обвинувањата дека Цементарница е „најголем индустриски загадувач“, тврдењето е паушално без докази

Неосновани, неточни и целосно паушални се обвинувањата дека Цементарница е „најверојатно најголем индустриски загадувач“ во Скопје, велат од „УСЈЕ“, откако „О2 инцијатива“ излезе со вакво обвинување. Според нив, ова паушално тврдење без никакви докази е крајно несериозно и не служи никому, а најмалку оди во прилог на решавање на состојбите со амбиенталниот воздух во градот.„Секоја година во текот на зимските месеци, УСЈЕ е неосновано напаѓан од страна на политички партии, невладини организации и

Скопје | пред 2 години

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања