Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу вели дека сопственикот на објектот пред Мавровка има законско право да го врати во првобитната состојба пред да биде опожарен, но не смее да излегува од габаритот, ниту од видот на градбата. Ако не се почитува ова не е исклучена ниту една мерка, вклучително и уривање, вели Ганиу.
– Објектот пред да го зафати пожар беше легализиран и беше со целосна докуменатација. Во законот стои дека во елементарна непогода, полава или пожар сопственикот може да го врати во првобитна состојба без да побара документација во Општината. Тој тоа го почна, но не го градеше истиот објект. Значи излезе од габаритите, од површина и од висина на објектот. Објектот беше со челична контрукција, а тој почна со друг вид градба односно го градеше со бетонска. Затоа ние почнавме постапки и го срушивме објектот, рече Ганиу.