Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Гарантираните цени на храна и пијалаци од 1 август остануваат до крајот на годината, укината и забраната за акциски продажби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
market-pari


Прехранбените производи и некои од пијалаците кои имаат ознака „гарантирана цена“ ќе се продаваат по истите цени до крајот на годината место до крајот на ноември, а на трговците повторно ќе им биде дозволено да организираат акциска продажба и на прехранбени производи. Министерот за економија Крешник Бектеши попладнево извести дека Владата на денешната седница го продолжила за еден месец рокот за намалените гарантирани цени, и ја укинала забраната за акциска продажба на храна.

— реклама —


„Одлучивме мерката за намалување на цените и ознаката гарантирана цена да продолжи до крајот на годината. Место до 30 ноември таа да важи до крајот на оваа година, а дотогаш најверојатно ќе го имаме новото законско решение кое ќе забрани нефер трговски практики. Тоа значи дека потрошувачите ќе бидат обезбедени и нема да  може да се прават злоупотреби во делот на цените на производите кои беа наведени во претходната одлука. Сите прехранбени производи, безалкохолните пијалаци, алкохолните пијалаци опфатени со одлуката за намалување на цените и со ознаката гарантирана цена мора да ги имаат највисоките цени од први август до крајот на оваа година, намалени со дополнителни 10 %, согласно одлуката“, рече министерот Бектеши.

— реклама —


— реклама —

Мерката „гарантирана цена“ беше воведена во септември годинава откако некои беа утврдени големи разлики во цените кај различни трговци. Рокот е продолжен до крајот на годината, до кога министерот Бектеши очекува да биде усвоено новото законско решение кое ќе спречи нефер практики во трговијата кое за кратко време ќе биде пратено во собраниска процедура.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања