„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Гарванлиев по обвинувањата: Тоа беше организиран кримнален напад на мене, ова ме направи посилен како човек и ми даде поголема одговорност да бидам глас на безгласните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vasil

Во интервју за порталот „Eurovisionworld“ претставникот на Македонија, Васил Гарванлиев, зборува за тоа колку бил разочаран по откажување на Евросонг 2020 година, па повторната понуда од МРТВ оваа година да настапи на музичката манифестација, ја прифатил со големо задоволство.

— реклама —

„Бев скршен и разочаран затоа што поради ковид-19 се откажа настанот и си реков „ конечно добив шанса да си го исполнам најголемиот сон, но животот имал поинаков план“, вели тој, откривајќи дека во текот на пандемијата продолжил да работи посветено и фокусирано. Кога беше откажана манифестацијата, еден дел од мене како да престана да дише, сè додека не го добив повикот од МРТВ во кој ми кажаа дека повторно ме избрале за македонски претставник на годинешната Евровизија. Вредеше да се чека осум месеци“, открива Васил.

Но, она што не го очекувал беа настаните кои започнаа веднаш по објавувањето на видео-спотот за евровизиската нумера „Here I Stand“.

— реклама —

„Тоа беше организиран кримнален напад на мене и над него никој немаше контрола. Нештата беа извадени од контекст и лажни информации се ширеа што доведе до негативен одговор и сајбер-насилство дури и јавен линч кон мене. Не сакам тоа да му се случи на никого, но гледам светло на крајот од тунелот. Многу сум благодарен бидејќи сето тоа што се случи ѝ даде уште подлабоко значење на мојата песна и ме инспирираше да бидам уште поуспешен во презентацијата. Ова ме направи посилен како човек, а како уметник ми даде поголема одговорност да бидам глас на безгласните, особено за артистите ширум светот кои немаат уметничка слобода за себе. Ќе ја замолкнеме омразата со љубов, позитивна енергија и музика“, вели Гарванлиев.

фото: Инстаграм Васил Гарванлиев

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања