Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

„Гаспром“ објави дека ја обновил испораката на гас

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
gasprom

Рускиот енергетски гигант Гаспром денеска објави дека ја обновил испораката на гас за Кина преку гасоводот ,,Моќта на Сибир" по завршувањето на редовните работи за одржување.

Одржувањето на опремата и системот на гасоводот ,,Моќта на Сибир" се врши двапати годишно, во пролет и во есен, во согласност со купопродажниот договор меѓу Гаспром и кинеската компанија CNPC, пренесува ТАСС.

— реклама —

Работите за одржување беа извршени од 24 март до 1 април.

Во 2023 година, Гаспром ја зголеми испораката на гас во Кина преку ,,Моќта на Сибир" за 1,5 пати на 22,7 милијарди кубни метри, што е за 700 милиони кубни метри повеќе од договорните обврски.

— реклама —

Се очекува дека целосниот извозен капацитет на ,,Моќта на Сибир" од 38 милијарди кубни метри гас годишно ќе биде достигнат во 2025 година.

Генералниот директор на Гаспром Алексеј Милер изјави дека Кина ја разгледува можноста за зголемување на испораките на руски гас преку ,,Моќта на Сибир" над проектираниот капацитет од 38 милијарди кубни метри.

Според него, таков договор би можел да се постигне во блиска иднина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања