„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Гатачката на Груевски и брат му на Мијалков збореле за убиството кај Смилковско езеро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
monstrum

Извор: СДК.мк

— реклама —

Од половина бомби што беа денеска пуштени, доминираа приватни и небитни разговори меѓу секретарката на експремиерот Никола Груевски, Ленче Самарџиска, и неговата гатачка Катерина Најденова, веќе објавени разговори меѓу новинарката Оливера Трајковска и бизнисменот Орце Камчев, потоа меѓу мајката на Груевски, Нада, и братот на Сашо Мијалков, Влатко, меѓу Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска, потоа Митко Чавков и Јанкуловска и други, кои се главно рекла-кажала и се небитни за петкратното убиство.

На пример, Јанкуловска во една бомбите му вели на Мијалков дека ѝ се јавил Блерим Беџети и притоа ѝ побарал да му се намали казната на еден од уапсените за убиството кај Смилковско езеро, кој, според него, не бил терорист, но бил осуден за поседување оружје, заради влошена здравствена состојба. Потоа, Нада Груевска, во улога на главен инспектор по крим-техника и за антитерористички дејствија, му кажува на Влатко Мијалков на само ден по убиството дека немало никаква трага, ама таа имала некаква идеја што ќе му ја пратела на Сашо Мијалков, но тоа не било за по телефон. Потоа спокојно му кажува била во црква и запалила свеќа за Никола, за себеси и за сите.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања