Газдата на фирмата кој гради во Маврово бил и висок функционер од ДУИ во Гостивар, обвинува Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
120850412_369636570888130_6865610253983417034_n-1024x615-1

Веќе четири месеци Локалниот Огранок на Левица - Гостивар активно пишува за проблемите на вработените во „Радика Ресорт", поточно за нередовното примање на плата. Вработените своите месечни примања знаат да ги добијат дури и по три месеци доцнење, често пати истите остануваат и без здравствено осигурување, велат од политичката партија Левица.

— реклама —

„Надлежните институции се глуви на нивните жалби и барања.

— реклама —

Како што во неколку наврати напоменавме, Општина Маврово и Ростуше пред повеќе од два месеци издаде Решение за отстранување на деветте нелегално изградени викенд куќи, за да, во меѓувреме, владината комисија донесе одлука да не се рушат истите.

— реклама —

Информациите кои пристигнаа до нас укажуваат дека сопственикот на компанијата „Радика Ресорт“; од Косово, Шериф Рамука и фирмата која ги гради објектите се во блиски односи со владејачката ДУИ. Имено, газдата на фирмата кој гради бил и висок функционер од редовите на ДУИ во Гостивар.

Оттука, можеме да заклучиме дека криминалната влада на СДС и ДУИ работат исклучиво во интересите на олигарсите и капиталистите, а спротивно на интересите на обичните граѓани. Барањата на вработените во Ресортот се јасни и едноставни, истите бараат само да бидат заштитени од органите на државата и своите примања да ги добиваат редовно, согласно законите, кои очигледно не важат за функционерите од ДУИ.

Месецот одминува, а вработените сè уште ја немаат добиено платата за ноември месец.

Ваквото грубо кршење на законите во заштита на градежната мафија е олицетворение на владеењето на криминалната коалиција СДС-ДУИ, кои единствено ги штитат бизнис - интересите на своите соработници“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања