Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Газди за почит, покрај многуте откази за вработените во угостителството, има и такви кои последниот денар ќе го делат со вработените

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
slika

Наспроти угостителите кои излегоа на прес-конференција, каде освен проблемите, кажаа дека си ги отпуштиле вработените, има и нивни колеги со спротивни примери. Тие пишуваат дека си го ценат и почитуваат тимот кој работи за нив. Токму овие вториве, треба да ги запаметиме и да им вратиме во иста мера, по кризата со коронавирусот.

Еден од угостителите кој во време на криза нема да отпушта вработени е Горан Блажевски, сопственик на „Мал алтан“, како и Сашко Митовски сопственик на етно гостилница „Воденица Три“ и кафе „Селект“.

— реклама —

Блажески преку социјалните мрежи упати порака дека и по цена да пропадне неговата фирма, тој вработените ги задржи на работа.

„Јас Горан Блажевски, сопственик на ‘Мал алтан’, моите вработени не ги отпуштам и по цена да пропадне фирмата. Јас луѓето ги ценам, а посебно бидејќи знам акко е да нема и така да, ако треба да делам на пола, моите вработени ќе имаат поддршка од мене и мојата фамилија“, пишува Блажевски.

— реклама —

Митовски, ја упати истата порака, потенцирајќи дека тој и неговиот брат знаат што значи во животот да се нема, но и дека кога ним им било најтешко, вработените биле со нив.

„Јас и мојот брат како сопственици на Etno Gostilnica Vodenica Tri и Select Caffe донесовме одлука дека во периодот што следи нема да отпуштиме ниту еден вработен по цена на тоа дури и фирмата да ни пропадне. Прво ние знаеме што значи во животот да се нема. Второ, ние никогаш неможеме и нема да заборавиме дека на нас кога ни беше најтешко во животот и кога некој се обидуваше да не сотре со милион препреки, вработените секогаш беа тука за нас и ни даваа целосна подршка со нивниот ведар дух и ентузијазам,впрочем по нешто што сме и надалеку препознатливи. Трето бидејќи нашата фирма е повеќе од една големо семејство ние одлучивме дека и последниот денар што го имаме ќе го поделиме со нашите вработени.Во животот ние се соочивме со многу предизвици, имавме безброј падови и успеси. Ќе успееме и сега“, пишува Митовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања