Газди зеле државна помош место, но парите наместо кај работниците останале кај нив

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
paridenari1

Управата за јавни приходи нотира неправилности во користењето на државната помош за минимална плата. Бројни фирми користеле субвенции за плати, а не исплатиле ниту денар на работниците.  Ги има од различни дејности: трговија на мало, подготовка на оброци и служење на храна, градежништво и други.

— реклама —

Дел од сопствениците на над 700 компании во Скопје, Тетово, Струга, Гостивар и Куманово зеле пари од државата, но ниту денар не префрлиле на работниците или, пак, им исплатиле помалку од минималецот.

Како што истакна директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, станува збор за 281 работодавач кои во април примиле финансиска поддршка во износ од 9.995.565 милиони денари, но не ја исполниле обврската за исплата на плата за 722 вработени. Лукаревска посочи дека 427 компании во мај воопшто не исплатиле плата за 984 вработени, иако добиле финансиска поддршка во износ од 13,698,998 милиони денари.

— реклама —

Други компании на 52.465 работници им го скратиле и минималецот и исплатиле на сметките на работниците 1,5 милиони евра помалку.

Најголем дел од компаниите се од дејностите трговија на мало, подготовка на оброци и служење храна, транспорт.

„Управата за јавни приходи располага со детални податоци за искористеноста на финансиската поддршка и будно ја следи состојбата на искористеност на мерките, но и почитување на обврските од законот. Податоците за компаниите кои примиле финансиска поддршка, а не ја исполниле обврската за исплата на платата ќе бидат доставени до Генералниот секретаријат на Владата како носител на мерката и исплатувач на финансиската поддршка од каде истите ќе може да бидат и јавно објавени“, рече Лукаревска.

Апелираше до сите работодавачи што не ја испочитувале оваа законска одредба да го направат тоа кон своите вработени, бидејќи целта била да се зачуваат работните места, а не парите да ги земат работодавачите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања